Проценка на капацитетите на различни чинители на локално ниво во борба против дискриминација и промоција на еднаквоста
Во просториите на ФРЛЗ на 24.02.2016 се оддржа работилница со фокус групи за проценка на капацитетите на различни чинители на локално ниво во борба против дискриминацијата и промоција на еднаквоста.
Во фокус групата активно учествуваа претставници на здруженија од регионот, претставници на институциите како и претставници на медиумите. На работилницата се дискутираше за постоењето и евидентирањето на случаи на дискриминација во општината, за соработката меѓу институциите надлежни за борба против дискриминацијата и граѓанските организации, капацитетите на организациите за застапување на граѓани во случаи на дискриминација и за пристапот на различните групи граѓани до сервисите на државата.
Работилницата е спроведена во рамки на проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“ спроведуван од Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар во партнерство со Центар за Ромска заедница (ДРОМ) Куманово и Асоцијација Иницијатива за социјална промена (ИнСоК) Скопје.
Last modified: 06.04.2017