Прва награда на Државниот натпревар по ораторство

14.05.2013

Прво место за Кристијан Панев на Државниот натпревар по ораторство

Кристијан Панев, дебатер од клубот „Актив“и студент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” го освои првото место на Државниот натпревар по ораторство.

По повод 9 мај – Денот на Европа, Европското движење во Р.Македонија со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер” организираше натпревар по ораторство во просториите на Универзитетот „Американ колеџ” во Скопје. На присутните им се обратија г. Фатмир Бесими, потпретседател на Владата на Република Македонија, претставник на Европската унија во Република Македонија, како и ректори и декани од неколку универзитети. Од 18 учесници на натпреварот, студенти од шест универзитети, Кристијан Панев ја освои првата награда.

Својот говор Кристијан повторно ќе го презентира на Свечената академија на Европското движење, кога и ќе му биде доделена наградата, а заради неговата победа наредната година Универзитетот „Гоце Делчев” ќе биде домаќин на оваа традиционална манифестација во чест на Денот на Европа.

Кристијан Панев е долгогодишен активист во дебатниот клуб при ФРЛЗ а тековно е  негов координатор. Своето искуство и талент го има докажано на многу домашни и меѓународни натпревари а особено се истакнува со гостувањето во отворени дебати на различни теми.

Честитки од ФРЛЗ со желби за уште многу успеси!

Last modified: 06.04.2017