Учесниците на циклусот обуки за работни вештини кој беше спроведен во рамки на проектот „Младинска независност“ се здобија со сертификат. Искрено им честитаме и им посакуваме успех во процесот на пронаоѓање на работниот ангажман и професионалниот развој.
Инаку, проектот е организиран од Младински образовен форум и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, за цел имаше да ги збогати младите луѓе со вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Се надеваме дека комуникациските вештини, управувањето со проектен циклус, лидерството и мотивацијата, претприемништво и бизнис план, организација на настани, европските фондови и маркетингот е вистинскиот избор на неформално образование кое ќе им отвори нови можности во животот.
Last modified: 06.04.2017