ФРЛЗ Штип и партнерските организации од Иницијативниот одбор ги покануваат сите граѓани, организации, претставници на институциите и младите да присуствуваат на третата јавна дискусија на тема „Основање на Национален младински совет“ која ќе се одржи во х.Оаза (банкет сала) на 26.03.2013 (вторник) со почеток од 12:00 часот.
Настанот претставува презентација на сработеното од страна на Иницијативниот Одбор за основање Национален младински совет со цел да поттикне и отвори дискусија во врска со изложеното.
Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот Одбор беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување, кои се одржаа во Дојран, од 25-28.10.2012. Учество земаа 39 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет. Иницијативниот Одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание.
Целта на претстојните јавни дискусии е сослушување на конструктивни критики и предлози од сите чинители кои ќе бидат засегнати со Националниот Младински Совет. Иницијативниот Одбор, како координативно тело, ќе ги вклопи собраните мислења од дискусиите во предлог документите и структурата кои ќе бидат претставени на Основачкото Собрание. Од овие причини, веруваме дека Вашето присуство е од непроценлива важност за функционирањето и успешноста на процесот, како и за изградба на легитимитетот на еден постојан Национален Младински Совет.
Last modified: 06.04.2017