Турнир во британска парламенатрна дебата
Во ОУ „Гоце Делчев“ на 28.01.2012 се одржа турнир во Британска парламентарна дебата. Турнирот е реализиран во склоп на проектот „Младинска независност“ како заокружување на досегашната работа на вербал клубовите основани со овој проект.
На турнирот штипскиот вербален кластер учествуваше со 2 тима, а во натпреварувањето вклучени беа уште и два тима од Тетово, два од Скопје и по еден тим од Струга и Битола. Се дебатираше на тезите „Овој дом верува дека треба да има афирмативна акција за млади при вработување во државни институции“ и „Овој дом верува дека треба да има бесплатно високо образование за сите“.
По исцрпната дискусија, судиите за прв говорник го избраа Кристијан Панев од Штип, а за победнички тимот Тетово 2 – Моника Мирчевска и Игор Стаменковски.
Честитки од ФРЛЗ Штип!!
Last modified: 06.04.2017