Дебата за перспективите и предизвиците со паркинг просторот во Штип
Во четврток (9 јули) во х.Оаза (мезанин сала) со почеток од 11:00 часот ќе се одржи јавна дебата за перспективите и предизвиците со паркингот во Штип.
Дебатата е во организација на ФРЛЗ и Детскиот парламент на Македонија за Штип и Карбинци, Авто мото друштво Штип, ЕД „Виножито“ и Здружението на граѓани без работа „Светла визија“.
Настанот е дел од проектот „И паркингот е животен стандард“ кој има за цел зголемено вклучување на граѓаните во креирањето на локалните политики преку мобилизирање на јавноста вво решавањето на приоритетите и потранспарентно управување со јавните средства од ЛС.
Пред заинтересираните граѓани, здруженија, медиуми и претставници на институциите ќе бидат презентирани резултатите од спроведената Петиција за укинување на наплатата а паркингот и ќе се дискутира за ефектите и оправданоста на постоечкото решение како и за предизвиците за решавање на сообраќајниот метеж.
Ги охрабруваме граѓаните да се приклучат на овој настан во поголем број бидејќи е можност директно да се вклучат и да дадат придонес во изнаоѓање решение кое ќе биде по нивна мерка.
Во рамки на проектот е изработен и Документ за јавни политики, исто така можете да ја превземете и поканата за настанот.
Last modified: 06.04.2017