АНАЛИЗА на мерката: „Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“.
Во изминатиот период, тимот од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Центар за стратегии и развој – ПАКТИС Прилеп под менторство на Павле Гацов од Про Агенс a во рамки на проектот FISCAST: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија, спроведен од Finance Think и финансиски поддржан од Британската Амбасада во Скопје, работеа на трошоци – користи анализа на мерката „Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“.
Тргнувајќи од фактот дека невработеноста е еден од најлошите показатели за успехот на применетата макроекономска и социјална политика на државата и каде што особено предничат показателите за невработеноста на младите во државата, во изминатите неколку години се превземаа повеќе активни мерки за намалување на невработеноста, особено на младите лица, меѓу кои е токму и мерката за субвенцинирано вработување на невработени млади лица до 29 години, којашто е предмет на направената анализа.

Резултатите од добиените податоци и направената анализа покажаа дека вака креираната политика има позитивни ефекти, во дисконтирана економска вредност од околу 6,7 милиони евра.
Вкупните трошоци на Буџетот за реализација на мерката за субвенционирано вработување млади до 29 години во периодот 2014 – 2017 година изнесуваат 812.528.476 денари (13,2 милиони евра). Средствата не се трајно загубени туку се трасферирани во фондовите за социјално осигурување и претставуваат директна заштеда за компаниите што вработиле млади луѓе до 29 години. Во истиот период компаниите имале трошок за исплатените нето-плати, кои, пак, претставуваат приход за секој работник одделно. Нето – платите на вработените преку режимот на социјална и економска мултипликација влијаат на повеќе социјални и економски категории и ја потикнуваат потрошувачката што го акцелира општествено – економскиот развој, според нас за 10 проценти, темелено на цитираниот Работен материјал на „Фуџивара“ (Fujiwara, 2010). Токму ова индиректно влијание на мерката ја претстави нејзината дисконтирана економска вредност на износ од околу 6,7 милиони евра.
Подетално анализата може да се погледне на следниот линк.
Анализата е објавена и во печатено издание заедно со други трошоци – користи анализи на останати актуелни политики, како дел од иститот проект.
Last modified: 06.04.2017