До: Сите заинтересирани
Дата: 21.07.2026
Предмет: Повик за доставување на понуди за набавка на машини (машина за ситнење/ дробење на текстилен отпад (shredder), машина за балирање (baling machine), индустриска правосмукалка за текстилна прашина), за потребите на проектот ,,Циркуларен текстилен Балкан” Реф. Бр. 25_A045_.
Почитувани,
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип за потребите на проектот ,,Циркуларен текстилен Балкан” Ве поканува да доставите понуда за набавка на следните машини:
- Машина за ситнење/ дробење на текстилен отпад (shredder);
- Машина за балирање (baling machine);
- Индустриска правосмукалка за текстилна прашина.
Понудата треба да ги содржи следните информации:
| Ред. Бр. No. | Опис на производ/ услуга Description of the product/ service | Количина Quantity | Гаранција (месеци) Warranty (months) | Достапен овластен сервис: ДА/НЕ Availability of authorized service: YES/NO | Единечна цена без вклучен ДДВ Unit price excluding VAT |
| Машина за ситнење/ дробење на текстилен отпад (shredder) – За ситнење користена облека и текстилен отпад изработен од мешавини на памук и полиестер. Капацитет: 100–150 kg/час. Големина на излезниот материјал: големина на мрежа Ø 20–40 mm | 1 | ||||
| Машина за балирање (baling machine) – за компресирање (пресување) на отпад како хартија, пластика, текстил и други материјали. Сила на пресување: најмалку 20 тони Големина на отворот за полнење: Ш 800 × В 450 mm Големина на балата: Ш 800 × Д 600 × В (300–800) mm | 1 | ||||
| Индустриска правосмукалка за текстилна прашина – За собирање и филтрација на прашина, текстилни влакна и ситни честички што се создаваат при дробење и обработка на текстилен отпад. Капацитет на проток на воздух: од 2.500 – 3.500 m³/час Моќност на вентилатор: 4 – 5,5 kW Тип на филтрација: Касетни или вреќести филтри со висока ефикасност Ефикасност на филтрација: ≥ 99 % | 1 |
Дополнителна опрема за индустриска правосмукалка
| Ред. Бр. No. | Опис на дополнителна опрема Description of additional equipment | Количина Quantity | Достапност (Да/Не) Availability (Yes/No) | Достапен овластен сервис: ДА/НЕ Availability of authorized service: YES/NO | Гаранција (месеци) Warranty (Months) | Единечна цена без вклучен ДДВ Unit price excluding VAT |
| 1 | Флексибилни антистатички црева | 1 | ||||
| 2 | Циклонски предсепаратор за текстилни влакна | 1 | ||||
| 3 | Вреќи за собирање прашина | 1 | ||||
| 4 | Индикатор за заситеност на филтерот | 1 | ||||
| 5 | Систем за автоматско стартување со шредерот | 1 |
Дополнителната опрема наведена погоре не е предмет на задолжителна евалуација во тендерската постапка. Сепак, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е заинтересирана да добие информации од понудувачите за:
- Дали располагаат со овие делови и можат да ги понудат;
- Колкава е нивната цена (без ДДВ);
- Под кои услови може да се набават (гаранција, сервис).
Овие информации ќе бидат земени предвид само з дополнителна анализа и донесување одлука по потреба, без да влијаат на евалуацијата на основната понуда за машините.
Начин на набавка и важност на понудените цени
Понудата треба да биде доставена во форматот испратен во прилог. Цените треба да бидат изразени во денари, без вклучен ДДВ.
Понудите што ги исполнуваат наведените услови ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација, а изборот на најповолен понудувач ќе се изврши согласно критериумот „најниска цена“.
Начин на аплицирање:
Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда (документ во прилог 1);
- Тековна состојба на добавувачот, не постара од една година;
- Потпишана изјава дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог 2).
Понудата се доставува електронски на следнава адреса: info@frlz.org.mk со назнака: „За тендер Реф.бр. 25_A045_” или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр.37 4/2, 2000 Штип.
Документите во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.
Доколку понудата се доставува по пошта или физички на рака во архивата на ФРЛЗ, на надворешната страна на ковертот наведете: За тендер Реф.бр. 25_A045_и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”. Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печати потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот”.
Понудата треба да се достави најдоцна во рок од 25 (дваесет и пет) работни дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 14.08.2026 до 16:00 часот. Ненавремено доставените понуди, нема да бидат земени предвид во постапката за евалуација.
Со почит,
Љубица Трендова
Last modified: 21.07.2026






