Повик за доставување на понуди за набавка на машини

21.07.2026

До: Сите заинтересирани

Дата: 21.07.2026

Предмет: Повик за доставување на понуди за набавка на машини (машина за ситнење/ дробење на текстилен отпад (shredder), машина за балирање (baling machine), индустриска правосмукалка за текстилна прашина), за потребите на проектот ,,Циркуларен текстилен Балкан” Реф. Бр. 25_A045_.


            Почитувани, 

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип за потребите на проектот ,,Циркуларен текстилен Балкан”  Ве поканува да доставите понуда за набавка на следните машини:

  • Машина за ситнење/ дробење на текстилен отпад (shredder);
  • Машина за балирање (baling machine);
  • Индустриска правосмукалка за текстилна прашина.

Понудата треба да ги содржи следните информации:

Ред. Бр. No.Опис на производ/ услуга Description of the product/ serviceКоличина Quantity    Гаранција (месеци) Warranty (months)  Достапен овластен сервис: ДА/НЕ Availability of authorized service: YES/NOЕдинечна цена без вклучен ДДВ Unit price excluding VAT
 Машина за ситнење/ дробење на текстилен отпад (shredder) – За ситнење користена облека и текстилен отпад изработен од мешавини на памук и полиестер. Капацитет: 100–150 kg/час. Големина на излезниот материјал: големина на мрежа Ø 20–40 mm1   
 Машина за балирање (baling machine) – за компресирање (пресување) на отпад како хартија, пластика, текстил и други материјали. Сила на пресување: најмалку 20 тони Големина на отворот за полнење: Ш 800 × В 450 mm Големина на балата: Ш 800 × Д 600 × В (300–800) mm  1   
 Индустриска правосмукалка за текстилна прашина – За собирање и филтрација на прашина, текстилни влакна и ситни честички што се создаваат при дробење и обработка на текстилен отпад. Капацитет на проток на воздух: од 2.500 – 3.500 m³/час Моќност на вентилатор: 4 – 5,5 kW Тип на филтрација: Касетни или вреќести филтри со висока ефикасност Ефикасност на филтрација: ≥ 99 %  1   

Дополнителна опрема за индустриска правосмукалка

Ред. Бр. No.Опис на дополнителна опрема Description of additional equipmentКоличина Quantity  Достапност (Да/Не) Availability (Yes/No)  Достапен овластен сервис: ДА/НЕ Availability of authorized service: YES/NOГаранција (месеци) Warranty (Months)  Единечна цена без вклучен ДДВ Unit price excluding VAT
1Флексибилни антистатички црева1  
2Циклонски предсепаратор за текстилни влакна1  
3Вреќи за собирање прашина1  
4Индикатор за заситеност на филтерот1  
5Систем за автоматско стартување со шредерот1  

Дополнителната опрема наведена погоре не е предмет на задолжителна евалуација во тендерската постапка. Сепак, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е заинтересирана да добие информации од понудувачите за:

  • Дали располагаат со овие делови и можат да ги понудат;
  • Колкава е нивната цена (без ДДВ);
  • Под кои услови може да се набават (гаранција, сервис).

Овие информации ќе бидат земени предвид само з дополнителна анализа и донесување одлука по потреба, без да влијаат на евалуацијата на основната понуда за машините.


Начин на набавка и важност на понудените цени

Понудата треба да биде доставена во форматот испратен во прилог. Цените треба да бидат изразени во денари, без вклучен ДДВ.

Понудите што ги исполнуваат наведените услови ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација, а изборот на најповолен понудувач ќе се изврши согласно критериумот „најниска цена“.


Начин на аплицирање:

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

Понудата се доставува електронски на следнава адреса: info@frlz.org.mk со назнака: „За тендер Реф.бр. 25_A045_” или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр.37 4/2, 2000 Штип.

Документите во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Доколку понудата се доставува по пошта или физички на рака во архивата на ФРЛЗ, на надворешната страна на ковертот наведете: За тендер Реф.бр. 25_A045_и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”. Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печати потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот”.

Понудата треба да се достави најдоцна во рок од 25 (дваесет и пет) работни дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 14.08.2026 до 16:00 часот. Ненавремено доставените понуди, нема да бидат земени предвид во постапката за евалуација.

Со почит,

Љубица Трендова

Last modified: 21.07.2026