Јавен повик за експерти за подготовка на мониторинг матрица за следење на спроведување на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво

30.06.2022

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамките на проектот „Заедници инклузивни за млади“ Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги од двајца експерти за подготовка на мониторинг матрица за следење на спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво на следните теми:

  1. Одржана еднодневна работилница за развој на матрица за следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и младинска политика;
  2. Подготвен план за реализирање на работилницата на гореспоменатата тема;
  3. Подготвени работни материјали;
  4. Да овозможи поддршка за мониторите во прибирањето на податоци од регионите;
  5. Доставен финален извештај за работата.

    Понудата треба да ги содржи следниве информации:
    Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1);
    – Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
    Предлог методологија (формулар даден во прилог, анекс 2);
    – Стручна биографија на експерти предложени за подготовка на обуката со референци;
    Потпишана изјава за ексклузивност и достапност (документ во прилог, анекс 3);
    – Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4).

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица, резиденти во Р. Македонија.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (ул.Страшо Пинџур бр.66/1, 2000 Штип) или скенирана на е-пошта ngirova@frlz.org.mk, најдоцна до 11.07.2022 година до 16.00 часот.

Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.


Last modified: 08.07.2022