На ден 30.04.2023 година, во центарот на Штип, се оддржа првата градска трка по рамна патека – Superior runs!
На денот на трчањето, стотина луѓе од градот, државата и странство, заедно со над 150 волонтери од различни фирми и организации, се собраа на првиот најголем годишен спортски настан во општина Штип, во духот и поддршката на заедницата. Денот беше исполнет со 5k и 10к трчање, но и забавна прошетка и забавни активнсти за младите кај паркот на МладиХаб, пред домот на културата „Ацо Шопов“-Штип, каде играа друштвени игри, освојуваа награди и стекнуваа добри навики, правејќи разлика со сите нас, истовремено обезбедувајќи и донации за развој на заедницата!
Спортскиот настан, во комбинација со трчање и донирање/собирање на средства, ја зголеми свеста за развој на заедницата од самите граѓани и им овозможи да соберат одредена сума за реализација на првите предложени иницијативи од граѓаните:
- Адаптација и опремување на сензорна соба во О.У.„Тошо Арсов“ – Штип, за децата со посебни потреби, бидејќи целосно се инклузирани во образованието. Создавање на нова средина, мулти – сензорен дом, со смирувачко опкружување, каде лицата со посебни образовни потреби ќе ја вратат контролата врз своите емоции кога ќе се чувствуваат престимулирани и кога ќе им е потребно време за одмор. Потребната сума за реализација на оваа иницијатива е 417 000 денари;
- Поставување на смарт/соларни клупи со библиотеки, на две локации во централното градско подрачје на општина Штип, каде младите кои се синоним за промена, напредок и иднина, со својата енергија, креативност и ентузијазам за обликување и промена на светот на подобро, заедно ќе истражуваат, ќе разменуваат идеи, ќе се вмрежуваат и ќе се чувствуваат среќни каде што припаѓаат. Потребната сума за реализација на оваа иницијатива е 360 000 денари.
На ден 28.05.2023 година, во центарот на Кочани, се оддржа втората урбана Ротари трка – Rotary Run‘23!
Над 270 натпреварувачи, трчаа низ кочанските улици на патеки со должина од 5 и 10 километри во поединечна конкуренција и фамилијарно во должина од 2.5 километри на истата траса, ЗАЕДНО со стотина активни граѓани, волонтери и случајни минувачи,поддржаа две веќе предложени иницијативи од граѓаните:
- мапирање на велосипедска патека;
- опремување на младински центар.
Овие сè попопуларни спектакли да служат како показател за денешните општествени односи и за пошироките културни и идеолошки вредности кои се однесуваат на ЗАЕДНИЦАТА. Да се истакнуваат „активните граѓани“ кои ќе ги исполнат своите права и обврски со грижа за оние на кои им е „неопходна“. Вклучувањето во вакви настани да претставува пример за актуелниот тренд на привлекување внимание за масовно трчање во добротворни цели. Од настаните можеме да заклучеме дека „добротворните тела на заедницата“ се изградени од меѓусебните односи меѓу филантропските институции, спортот и индивидуаците.
Двете активности се во рамките на проектот „Направи разлика“, кој го спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница-Штип, а е финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), со период на реализација: 22.08.2022 до 20.08.2027.
Погледнете ја галеријата од инклузивните спортски настани со силна филантропска програма преку која посетителите и членовите се вклучиа во мобилизирање на грижливата моќ на заедницата за унапредување на општото добро.






















































Last modified: 01.06.2023
You must be logged in to post a comment.