Анализа за механизмите на граѓанско учество

10.06.2024

Консултацијата со граѓаните останува камен-темелникот на партиципативното и транспарентно владеење, клучно за овозможување граѓаните активно да придонесат кон својот општествен и локален развој преку сопствени идеи и учество. Иако основите за оваа консултација се утврдени во правните рамки на државата, практиката покажува дека има значителен простор за подобрување во нивното спроведување на локално ниво. Оваа анализа, базирана на комплексен методолошки пристап кој вклучува анкета со граѓани, интервјуа со локални чинители и фокус групи, цели кон тоа да даде целосен преглед на тековните  практики и перцепции на локалните власти и граѓаните во однос на граѓанското учество.

Целта на оваа анализа спроведена во рамките на проектот „Организациска поддршка за
зајакнување на локалната демократија“ е да се направи преглед и ажурирање на
сегашните практики на граѓанското учество, односно успешноста на механизмите за
обезбедување непосредно учество на граѓаните во процесите на креирање јавни политики
и донесување на одлуки на локално ниво во последните неколку години, вклучувајќи го и
пандемискиот период на Ковид-19. Земајќи ја претходната анализа од 2017 година како
почетна позиција, ова истражување покажува ажуриран пресек на однесувањето на
засегнатите чинители во однос на темата со цел изнаоѓање заеднички прифатливи
решенија.
Преку добиените податоци и заклучоци, овој проект се стреми да направи поголем
притисок на ЕЛС за почесто користење и зајакнување на механизмите за директна
демократија за граѓанско учество, но и да се подигне свеста на граѓаните за важноста на
нивното учество во креирањето на локалните политики.

Прочитај и информирај се повеќе на:

  1. Анализа на македонски јазик;
  2. Анализа на англиски јазик;
  3. Анализа на албански јазик.

Last modified: 10.06.2024