Барање понуда за избор на хотел за одржување на еднодневна работилница

19.08.2022

До: Хотели во РМ – Економски оператори                                                  Дата:  19.08.2022

Предмет: Повик за доставување на понуди

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип го спроведува проектот „Заедници инклузивни за млади“ (Youth-Inclusive Local Communities-YILC), со реф.број IPA/2021/430-552, подржан од EuropeAid.

Во рамките на овој проект предвидена е работилница за набљудувачи за следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво, која ќе се одржи на ден 30.08.2022 година . За таа цел, го доставуваме следниот ПОВИК за доставување на понуди:

  1. Нарачател/договорен орган: – Фондација за развој на локалната заедница, Штип, проект: „Заедници инклузивни за млади“ (Youth-Inclusive Local Communities-YILC).
  • Понудата треба да биде составена во следниот формат со потпис и печат (Форматот во прилог):
РРед. ББр. НNo.Опис на производ/ услуга Description of the product/ serviceКоличина QuantityЕдинечна цена со ДДВ Unit price with VATЕдинечна цена без ДДВ Unit price without VAT
1Сала за состаноци акустично одвоена од останатиот дел од хотелот содветна и комотна за најмалку 15 лица.1
2Користење на техничка опрема опрема (ЛЦД проектор, флипчарт табла) за одржување на работилница.1 
 Ручек по лице1  
3Освежување со безалкохолен пијалок, по лице.1
 Освежување со вода, по лице.1  
 Освежување со кафе, по лице1  
  • Понудата треба да важи за 15 лица, за времетраење од еден (1) ден.
  • Хотелот треба да има обезбеден паркинг за најмaлку 10 возила, кој што е вклучен во понудата.
  • Хотелот, според категоризација, треба да биде најмалку со 3 звезди.
  • Понудите треба да бидат назначени со издвоено ДДВ. 
  • Цените во понудата треба да бидат изразени во денари.
  • Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот“.
  • Оброкот за ручек треба да содржи предјадење, сезонска салата, порција главно јадење, десерт.
  • Во текот на работилницата е планирана 1 (една) пауза за кафе.
  • Понудата треба да се достави со следната придружна документација:
  1. Понуда со цени за услуги;
  2. Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година;
  3. Изјава од овластено лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач[i] за извршување на услуги.

Во понудите треба да бидат потполнети сите полиња, во спротивно понудата нема да биде прифатена.

Понудата се доставува на следниот начин:

  • во затворен плик, по пошта, или
  • на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, ул. Страшо Пинџур бр.66/1, 2000 Штип
    • На надворешната страна на ковертот задолжително наведете: ,,За тендер Реф. Бр. IPA/2021/430-552 “и текстот “Да не се отвора пред сесијата за оценување”.
  • или скенирана на e-mail ngirova@frlz.org.mk (во субјект да се наведе Понуда за барање реф. бр. IPA/2021/430-552)

Критериум за доделување на договор ќе биде најниска понудена цена според спецификацијата и барањата претходно.

На овој повик може да се јават сите економски оператори на територијата на Република Македонија.

Доставените понуди треба да се со валидност од 3 месеци.

Понудата треба да се достави во рок од шест (6) дена од денот на објавување на повикот, најдоцна до 24.08.2022 до 16 часот. Понудите пристигнати по крајниот рок нема да бидат земени во предвид.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да контактирате со нас на следнава е-маил адреса: ngirova@frlz.org.mk


[i] Согласно делот 2.4. од ANNEX IV Procurement by grant Beneficiaries in the context of
European Union external actions

Last modified: 19.08.2022