Трибина: „Кој ја одржува етиката во универзитетската заедница“

16.11.2011

Јавна трибина: “Кој ја одржува етиката во универзитетската заедница?“

ДИСКУСИЈА ЗА ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ И НЕГОВАТА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА

Приклучете се на дискусијата за задачите на академските институции во спроведувањето на правилата предвидени со етичките кодекси и нивната важност за почитување на правата на студентите на

17.11.2011 (четврток) во 12 часот на Економски факултет – Скопје, Амфитеатар 1.

На трибината ќе говорат:

проф. д-р Велимир Стојковски, Ректор на УКИМ

г. Никола Главниче, Студентски правобранител на УКИМ

проф. д-р Кирил Темков

г. Ѓорѓи Илиески, Инспекторат за високо образование

г. Иван Живковски – Претседател на Студентски парламент на УКИМ

г. Атанас Димитров, Младински образовен форум, Платформа за студентски плурализам

Трибината е во организација на Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во соработка со Студентскиот парламент на Универзитетот, Младински образовен форум и организациите членки на Платформа за студентски плурализам, a поддржана од Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Велимир Стојковски.

Last modified: 06.04.2017