Театарска претстава „Фортинбрас е пијан“

14.06.2012

Театарска претстава за поддршка на Младинска банка Штип

 

Младинската банка Штип при ФРЛЗ во соработка со Центарот за култура „Ацо Шопов“ Ви ја прикажуваат претставата „Фортинбрас е пијан“ во режија на Синиша Евтимов.

Претставата е дел од активностите за промоција на Младинската Банка Штип. Ќе се одигра на 16.06.2012(сабота) во Народен театар Штип, со почеток од 20:00 часот.

Младинската банка Штип прибира средства од локални донатори и потоа ги враќа во заедницата во форма на мали грантови за финансирање на проекти за решавање на проблеми поврзани со младите во Штип.

Средствата собрани со продажбата на билетите од претставата се наменети за Фондот за деца и млади.

Билетите освен на билетарата во театарот, можат да се набават и во просториите на ФРЛЗ Штип (детска градинка „Сончогледи“, нас.Сењак). Ја искажуваме нашата благодарност до НУЦК „Ацо Шопов“ за учеството во иницијативата и ги повикуваме граѓаните да се вклучат во оваа културна манифестација.

 

Last modified: 06.04.2017