Повик за пријавување на набљудувачи

26.09.2017

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е регионална канцеларија на Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето.

Во пресрет на локалните избори 2017, се објавува

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НАБЉУДУВАЧИ

Во функција на спроведување фер и слободни избори во  Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето ќе ангажира околу 2000 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.

За таа цел, МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18те регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 17:30 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии ќе можат да се пронајдат на интернет страницата на МОСТ.

За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а истите потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.

Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ  може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.

Како и изминатите години така и оваа, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите.

Во рамки на проектот активна е и интернет платформата http://neregularnosti.most.org.mk, каде што граѓаните ќе можат да ги пријават сите евентуални нерегуларности. Дополнително, отворена е и e-mail адреса: neregularnosti@most.org.mk. Како и секоја година така и оваа активна е и бесплатната телефонска линија, 080 080 080.

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, тел. 02/30 99 384

Регионална канцеларија: Фондација за развој на локалната заедница – Штип, тел.: 032/383 116

Last modified: 19.12.2017