Регионална канцеларија на Национален младински совет на Македонија за Источен регион

10.04.2014

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип од 2014 година е Регионална канцеларија на Националниот Младински Совет на Македонија за Источниот плански регион, којшто претставува мрежа од младински организации и организации коишто работат со млади во Р.Македонија.

Како регионална канцеларија, ФРЛЗ обезбедува поддршка на млади луѓе и младински организации кои ги застапуваат интересите на младите луѓе во Источниот плански регион, без разлика на нивниот социо – економски статус, пол, раса, етничка и културолошка припадност, политички и религиозни убедувања, сексуална ориентација, родов идентитет или било каква друга разлика.

ФРЛЗ работи и силно се залага за поттикнување на младинскиот активизам и јакнење на капацитетите на младите и младинските организации преку организација на различни обуки, како стратешко планирање, лобирање и застапување, проектен менаџмент, следење и евалуација; како и обуки за „меки вештини“ – лидерство и тимска работа, комуникациски вештини и дебата, организациски вештини, пишување на CV, мотивационо писмо, подготовка за интервјуа за работа итн.

До 2015 година, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип беше Регионална канцеларија на НМСМ и за Југоисточниот плански регион.

Last modified: 28.04.2017