Младинска банка

11.04.2014

Младинска банка е концепт преку кој млади луѓе се вклучуваат во собирање на средства од самата заедница преку организација на настани и спроведување на активности и истите тие средства подоцна ги нудат во вид на мали грантови за проекти кои се стремат кон решавање на младински проблеми и прашања во локалната заедница.

Собраните средства се внесуваат на сметка на Фондот за млади, при Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, а по завршувањето на собирањето на средствата – сите средства се понудени во вид на мали грантови за проекти кои предвидуваат решавање на конкретни младински проблеми и прашања во локалната заедница. Сите донатори кои имаат вложено средства имаат право да ги следат процесите на грантирање и реализација на проектите.

Преку концептот на Младинска банка, младите имаат можност да учествуваат во целокупниот процес на планирање, спроведување и евалуирање на проектните активности. Истите тие млади го сочинуваат координативното тело на Младинската банка и имаат можност и одговорност за носење на одлуки за доделување на собраните средства за решавање на конкретни младински проблеми и прашања во локалната заедница, притоа овозможувајќи поддршка и менторство во спроведување на активностите.

Last modified: 28.04.2017