Јавен повик за учество во работни групи

18.05.2017

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип во рамки на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“, финансиски подржан од Европската Унија, објавува

Ј а в е н   п о в и к

до сите заинтерсирани единици на локалната самоуправа, граѓански организации, медиуми, бизнис сектор и заинтерсирани граѓани да се вклучат во работните групи за креирање на препораки за зголемување на учеството на граѓаните во креирањето на јавни политики на локално ниво.

Ќе се формираат вкупно осум (8) работни групи, по една од секој плански регион.

Работната група ќе има за задача да ги конкретизира препораките од спроведената анализа за граѓанско учество и да ги прилагоди на локалниот контекст со цел да бидат применливи и оддржливи.

Во работната група ќе учествуваат претставници од општините, граѓански организации, медиуми и бизнис секторот од соодветниот плански регион и истата ќе брои од 10-15 членови.

Планирано е работната група да има најмалку 3 состаноци во периодот мај-јуни 2017, а трошоците кои произлегуваат од активностите ќе бидат покриени во целост од страна на организаторот.

Ве молиме Вашиот интерес да го потврдите преку пополнување на онлајн апликацијата или на телефон (032 383 116; 075 496 771 или е-маил (info@frlz.org.mk ; ngirova@frlz.org.mk), најдоцна до 26.05.2017.

 

Се надеваме на успешна соработка!

Last modified: 18.05.2017