Граѓански форум во Струга

28.10.2015

Одржан граѓански форум во Струга

На 21 и 22 октомври во х.Дрим се одржаа првата и втората сесија од Граѓанскиот форум.

 

На Проектниот форум присуствуваа над 50 граѓани кои имаа можност да ги проследат предложените проекти кои произлегуваат од акциските планови од областа на образованието, социјалната заштита, млади и соработка со граѓанските организации. На работните маси беа предложени приоритетни проекти кои Општина Струга ќе ги имплементира во периодот 2015-2016 година.

Како најприоритетен на овој форум беше одбран проектот за замена на покрив на детска градинка.

Инаку граѓанските форуми во Општина Струга ги имплементира ФРЛЗ Штип во соработка со Центарот на заедницата на Општина Струга и со подршка на Фондација Отворено општество Македонија.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво.

 

 

Last modified: 06.04.2017