Граѓански буџетски форум во Општина Струмица

16.11.2016

Прва сесија на граѓански буџетски форум во Струмица

Општина Струмица во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмица на 18.11.2016 (петок) со почеток во 18.00 часот во Дом на АРМ – Струмица ќе ја одржат првата сесија во рамките на Граѓанскиот буџетски форум.

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на Буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на општината. 

Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за планираните програми и проекти за 2017 г. за Општина Струмица, како и да предлагаат проекти во програмите за 2017 година.

Граѓанските форуми во општина Струмицa ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на Концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој ФООМ го спроведува во партнерство со Општина Струмица.

Доколку Ви се потребни информации Ве молиме побарајте не’ на тел. 034/334-117 или на е-маил tankica.taukova@ccstrumica.mk.

Last modified: 06.04.2017