Направи разлика

Сеопфатен, иновативен, одржлив локален раст и развој, преку успешен ДИЈАЛОГ МЕЃУ ВЛАСТА И ГРАЃАНИТЕ.  

Заедничко креирање на визија за иднината, во насока кон стратешка работа со континуиран, осмислен и инклузивен пристап за поттикнување на одржлив локален развој, добро локално владеење и создавање на услови за поактивна, поефективна и поиновативна улога на граѓаните во донесувањето и имплементацијата на законските предлози и одлуки. 

Согледувајќи ја моменталната ситуација, сосема јасно е дека заедницата треба да вложи огромен напор во насока на дефинирање на најважните насоки,потребни за успешен развој. „НАПРАВИ РАЗЛИКА“ ги охрабрува граѓаните да преземат одговорност за своите проблеми и да ги користат своите знаења, вештини и социјални врски за создавање и спроведување решенија. Директната работа во заедницата ќе им помогне на засегнатите страни подобро да се запознаат, да ги разберат потребите и приоритетите едни на други и да изградат заедничка основа за соработка и развој. Фондација за развој на локалната заедница, Штип, како посреднички партнер на засегнатите страни, овозможува ефективно креирање на јавни политики, воспоставување партнерства, воведување и практикување на иновативни механизми на учество, механизми за вклучување на заедницата и прибирање средства.  

Проектот ќе резултира со: адресирани и решени проблеми на заедницата; зголемен број на партнерства; воспоставен систем за развој на локално ниво; Зајакнати капацитети во заедницата; поголема вклученост на граѓаните и ранливите групи; Подобрена политичка одговорност и транспарентност во локалните заедници; подигната свест на заедниците за само-доверливост. 

Општа цел на проектот: Да се подобри средината за развој предводен од заедницата. 

Цел 1 – Локалните чинители кои работат заедно за да го водат локалниот развој.  

Очекувани резултати: 

  • зголемени капацитети на локалните чинители да допрат до граѓаните и да ги ангажираат и другите засегнати страни, како и да воспостават врски со можностите за локално финансирање; 
  •  зголемен број на локални партнерства меѓу локалните чинители;  
  • зајакнат ангажман на граѓаните на локално ниво и воспоставување на локално предводен развој во избраните заедници.   

Цел 2 – Локалните чинители мобилизираат/користат ресурси за да се справат со развојните приоритети кои ќе имаат корист за заедницата.  

Очекувани резултати:  

  • зголемен ангажман на локалните актери во идентификувањето и приоритизирањето на проблемите и можностите на заедницата (т.е. загадување, јавно здравје, недостаток на можности за работа, миграција, обезбедување социјални услуги, локален економски развој итн.) и 
  •  подобрена мобилизација на локални чинители и ресурси за дизајнирање и спроведување локални решенија за решавање на проблемите на заедницата или искористување на можностите за развој. 

Цел 3 – Да се развијат одржливи модели кои што би можеле да се реплицираат и зголемуваат.  

Очекуван резултат: 

  • Ефикасно повторување на одржливите локални модели за развој во други заедници и региони. 

Клучни активности:  

  • формирање на оперативен Колеџ на заедницата; 
  •  формирање на оперативна Младинска банка; 
  •  промотивна кампања,  
  • градање на капацитети на локални актери; 
  •  поддршка на иницијативите предводени од граѓаните за развој на заедницата и вмрежување во заедницата 

9 општини од источниот регион ќе воспостават систем за одржлив развој предводен од заедницата; ќе се решат најмалку 90 проблеми во локалната заедница; најмалку 150 идеи ќе бидат подготвени за имплементација; вкупна вредност од 1.500.000 американски долари на немеѓународни донаторски ресурси ќе бидат мобилизирани за локално предводен развој; 500 поединци ќе бидат вклучени во мобилизација на заедницата: 100.000 лица ќе бидат опфатени со кампањата за подигање на свеста; од вкупните прибирани средства најмалку 50% ќе бидат паричен придонес; а најмалку 3000 граѓани ќе се вклучат во волонтирање во локални иницијативи. 

Период на реализација:  22.08.2022 до 20.08.2027

Comments are closed.