Проект: 4 Р-Редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени, социјална инклузија преку кружна економија
Поддршка: Фондација Отворено општество-Македонија
Генерална цел на пректот: Прописно одлагање на текстилниот отпад и негово искористување како комерцијален ресурс за социјално загрозени лица.
Конкретни цели:
КЦ1: Да се промовираат во јавноста обврските и придобивките од новиот Закон за управување со дополнителни текови на отпад;
КЦ2: Стекнување вештини за преработка на текстил кај социјално загрозени лица;
КЦ3: Да се подигне свеста на граѓаните за рециклирање текстилен отпад.
Предвидени активности:
Активност1: Промоција на Законот за управување сo дополнителни текови нa отпад;
Активност2: – Воспоставување тренинг центар за вештини за луѓе во социјален ризик;
Активност3: Едукативни настани за јакнење на свеста за отпадот во заедницата;
Целна група на проектот:
- текстилните компании од регионот, трговци со текстилни суровини, продавници за облека;
- медиумите, здруженијата на граѓани од регионот, единиците на министерство за животна средина, ЕЛС од регионот, граѓани;
- лицата во социјален ризик и лицата со посебни потреби од Општина Штип.
Очекувани резултати:
- Зголемена свест на граѓаните за зачувување на животната средина во заедницата со промена на навиките при депонирање на отпад;
- Подобрена социо-економска состојба и намалена сиромаштија кај социјално ранливите категории на граѓани, со директно вклучување на пазарот на трудот преку стекнати вештини за преработка на текстил;
- Значително намалено количество на отпад на годишно ниво во депониите;
- Подготвеност за имплементација на законските решенија, информирана и упатена јавност за обврските и придобивките од Законот за управување со дополнителни текови на отпад;
- Зголемена иницијатива за развој на нови мали и средни бизниси, со стекнати знаења од овој проект;
- Едуцирани млади – здрава еколошка средина, денес и во иднина.
Last modified: 04.07.2022