Инспирација за креирање и заедништво

На 16 јуни, тимот на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип имаше чест да го посети Центар Рог во Љубљана, Словенија, еден од најиновативните јавни креативни хабови во регионот. Оваа посета беше одлична можност да се запознаеме со нови модели на работа, колективно творење и поддршка на креативните индустрии.

Особена благодарност упатуваме до помошник директорот, Нина Шкрт, која љубезно нè пречека и нè водеше низ просторот. Со нејзино детално објаснување, имавме можност да добиеме подлабоко разбирање за тоа како функционира Центарот Рог, неговата организациска структура и визија.

Она што особено нè импресионираше е богатството и разновидноста на просториите во центарот. Центар Рог нуди целосно опремени работилници (labs) кои се дизајнирани да одговорат на потребите на различни креативни дисциплини. Имавме можност да ги посетиме:​

• FabLab и дигиталната лабораторијa

Каде се користат 3D печатачи, ласерски машини и современа технологија за прототипирање и дигитално производство.

• Дрвната и металната работилница

Опремени со професионални алати кои овозможуваат прецизна и квалитетна изработка на различни производ.

• Текстилната лабораторија

Каде може да се работи со шиење, дизајн на облека и рециклирање на материјали – силно насочена кон одржлива мода.

• Керамичката и уметничката работилница

Кои нудат простор за традиционални и современи уметнички практики.

• Кујнската лабораторија

Наменета за гастрономски експерименти, развој на производи и едукација.

Работни простории

Дополнително, центарот располага со заеднички работни простори (coworking spaces), современи сали за настани, изложбени простори и места за неформално вмрежување. Целата поставеност е осмислена така што поттикнува соработка, размена на знаење и интердисциплинарен пристап.

Особено нè инспирираше пристапот на Центар Рог кон инклузивност и отвореност, просторите се достапни за различни групи на корисници, од професионалци до почетници, што создава динамична и жива креативна заедница.

Галерија

Оваа посета беше вистинска инспирација за нас и отвори нови перспективи за идни соработки и развој на слични иницијативи.

Фондација за развој на локалната заедница - Штип

За повеќе информации за Центар Рог, посетете:

Сподели: