Јавен повик за набљудувачи за следење на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво

30.06.2022

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во рамките на проектот „Заедници инклузивни за млади“ Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги од 8 набљудувачи за следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво на следните теми:

  • Прибирање на податоци и изготвување на месечни извештаи за мониторинг според развиената матрицата за следење на имплементацијата на законот.

    Понудата треба да ги содржи следниве информации:
  • Биографија или предходно искуство со проекти;
  • Писмо за номинација од граѓанска организација.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани  физички лица, резиденти во Р.Македонија. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во следниот линк.

Проектите финансирани преку Проектот на ЕУ  се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (ул.Страшо Пинџур бр.66/1, 2000 Штип) или скенирана на е-пошта ngirova@frlz.org.mk, најдоцна до 11.07.2022 година до 16.00 часот.

Last modified: 08.07.2022