„LocalActiveMedia“

10.08.2022

Проект: „LocalActiveMedia“

Поддршка: National Endowment for Democracy (NED)

Општа цел: Да се зајакнат групите на локалната заедница во источниот и југоисточниот регион на Северна Македонија, со пристап и вештини за создавање сопствен канал за комуникација за пристап до јавната сфера и за влијание врз јавните политики на локално и државно ниво.

Специфични цели:

  • Да се процени знаењето, потребите и преференциите на групите на локалната заедница во два региона на Северна Македонија. Врз основа на нивното учество во јавната сфера да се развие програмски концепт за карактеристичен модел на медиумска платформа на заедницата што ќе произведува и дистрибуира содржина од интерес за локалните заедници и групи;
  • Да се изградат и зајакнат капацитетите на невладините организации на локално ниво, за креирање содржини и комуникациски пораки, односно за влијание врз локалните и државните политики преку нова медиумска платформа на заедницата.

Предвидени активности:

  • Проценка на знаењата, потребите и преференциите на групите на локалната заедница во однос на нивните права за комуникација;
  • Развивање на концептот за медиумска платформа на локалната заедница;
  • Развивање на модули за обука за групи во заедницата;
  • Реализација на модули за обука со групи во заедницата и производство на програмски содржини за медиумската платформа на заедницата;
  • Развој на онлајн платформата на заедницата и објавување на произведени содржини од групите на заедницата.

Очекувани резултати:

  • Подготвен извештај за проценка, кој ќе идентификува најмалку 20 теми и прашања (индикатори) кои ќе се продуцираат за време на обуката. Извештајот за проценка ќе се објавува во електронска форма и ќе биде доставен до сите локални граѓански организации, локални општини, медиумски регулатор, релевантни министерства и сите други релевантни чинители.
  • Развиен програмски концепт за медиумската платформа за елаборирање на сите релевантни аспекти за воспоставување и функционирање на платформата: правни, технички, производствени, програмски и организациски прашања, како и визија, мисија, тематска посветеност, ресурси и целна публика на платформата (квалитативни индикатори).
  • Развиен модул за обука за медиумската платформа на заедницата за инкорпорирање на различни аспекти неопходни за градење на комуникациските вештини на претставниците на локалните граѓански организации: избор на релевантни теми, пишување ефективни и привлечни вести, пишување стории за различни медиуми, почитување на правните и етичките стандарди (квалитативни индикатори).
  • Изградени и зајакнати капацитетите на локалните граѓански организации за креирање содржина и комуникациски пораки преку нивната медиумска платформа на заедницата, со најмалку 20 произведени стории на медиумската платформа на заедницата #LocalActive.
  • Креирана медиумска платформа на заедницата # LocalActive, со најмалку 20 објавени стории и 4 радио емисии емитувани на Студентското радио.

Временската рамка за спроведување на целиот проект е од 1ви јули 2022 – 30ти јуни 2023 година, а вкупниот буџет изнесува 75.000,00 УСД.

Проектот „ LocalActiveMedia “ е спроведуван со партнерство помеѓу „Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип“ и „Институт за истражување на општествениот развој, RESIS-Скопје“.

Контакт лице: Борис Шарковски

E-mail: bsarkovski@frlz.org.mk

Телефон: +389 75 496 772

Last modified: 10.08.2022