Подобрување на условите за едукација на учениците од ДМЦУ„Сергеј Михајлов“-Штип

22.11.2023

звуци од минатото, во сегашноста и иднината!

Зачувувањето и негувањето на богатството во народното музичко творештво е од значително влијание врз иднината на народната музика и се овозможува преку остручување на талентираните деца за свирење на традиционални инструменти. Поради недостиг на средства за набавка на музичките инструменти, неформална група на граѓани, предводена од неколку професори од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“-Штип, поттикнаа иницијатива за обезбедување на овој тип на инструменти. Со согледување на нејзината важност  и поддршката од УСАИД и Ротари Клуб Штип, заедно инвестиравме во музичкото образование и ги обезбедивме потребните фолклорни музички инструменти за децата да учат, да учат, вежбаат, да оддржуваат практична настава и да се истакнат во народната музика, со цел зачувување на нашето културно музичко наследство.  

Нека звуците на нашата традиционална музика траат вечно!

Last modified: 24.11.2023