“Поддршка и зајакнување на кампањата #Заедно за општина Штип“

23.01.2022

Проектот “Поддршка и зајакнување на кампањата #Заедно за општина Штип“ има за цел да ја развие и да ја засили кампањата за прибирање средства како придонес во реализацијата на граѓанските приоритети и иницијативи.
#ЗАЕДНО е иницијатива за развој на локалната заедница. ЗАЕДНО прибира донации и ресурси од локални донатори и истите ги враќа во заедницата, финансирајќи решавање на локални проблеми.
#ЗАЕДНО ја промовира локалната филантропија, ја мобилизира локалната заедница и заедно ги решаваме локалните проблеми!

Сецифични цели на проектот:
– Редизајн на кампањата правејќи ја повидлива и попрепознатлива за заедницата;
– Подготовка на концизен маркетинг план;
– Развиен медиумски план за промоија на активностите;
– Надградена веб страница со понуди, алатки, артикли со цел да се допре до повеќе поддржувачи и купувачи;
– Проширени написи за промоција на филантропијата;
– Промоција на #Заедно како иновативен пристап за ангажман на заедницата;
– Привлекување поддржувачи меѓу донатори, компании, следбеници и соработници.
Активности:
– Развивање на маркетинг и медиумски план;
– Редизајнирање и зајакнување на кампањата;
– Промоција на веб продавницата;
– Развој на капацитети на персоналот преку обуки за администрирање на веб продавницата и за постигнување развиен медиумски маркетинг план;
– Ангажирање, вмрежување и партнерство со регионални и национални граѓански организации и поединци за поддршка и промоција на кампањата за филантропија;
– Зголемување на понудата на производи и услуги.
Временската рамка за спроведување на целиот проект е 24.12.2021 до 28.01.2022 година, а вкупниот буџет изнесува 5.735,00 ЕУР.

Проектот “Поддршка и зајакнување на кампањата #Заедно за општина Штип“ е спроведуван од Фондацијата за развој на локалната заедница, а финансиран и поддржан од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN).

Last modified: 23.02.2022