Отворање на „Младински центар“-Кочани

23.01.2024

Место за можности, иницијативи, промени и активизам на младите!

Мината недела, на 18 јануари (четврток) 2024 година, во општина Кочани, по иницијатива на членовите од „Младинска банка“ Кочани, Фондацијата за развој на локалната заедница и Општина Кочани, го отворија „Младинскиот центар“ на Општина Кочани.

Уредувањето и опремување на центарот е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“, имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од американскиот народ  преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), со период на реализација: 22.08.2022 до 20.08.2027 година.

Програмскиот директор на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Борис Шарковски, го отвори и модерираше настанот „Потенцијалот на младите во Источниот регион“. .

Директорката на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл, присуствуваше на отварањето и се вклучи во дискусија со присутните, сподели свои искуства и ги сослуша младите ентузијасти и визионери за позитивни промени..

                   На настанот се дискутираше за важноста на волонтерството за професионален и личен развој и беше истакнато дека преку волонтерските активности, младите стекнуваат нови вештини и искуства, ги развиваат комуникациските и тимските способости и го прошируваат својот социјален круг. Волонтерството им овозможува на луѓето да го исполнат својот социјален и граѓански ангажман, што помага во изградбата на кариерата, но и развој на заедницата во која живеат.

                   Се опфати и темата за потенцијалот на младите и се разгледуваа идеи за тоа како ќе се искористи младинскиот центар во општина Кочани. Заклучок од дискусијата е дека потенцијалот на младите е непроценлив ресурс за развој на едно општество и дека овој центар е клучен за изградба на позитивна и активна младинска заедница, им пружа на младите место за дружење, креативо изразување, развој на младински активности, поддршка на младите во едукација, културен развој и социјализација, како и активно учество во општествени процеси и вмрежување. Младинскиот центар е достапен за сите заинтересирани млади лица од општина Кочани, кој можат да го користат за пристап до интернет, изработка на проектни задачи, организирање на настани, обуки и  работилници.

Во дискусијата се вклучија и членовите од Младинските банки на Источниот регион, ги споделија своите досегашни резултати и искуства со проектот „Направи разлика!“.

 Ја истакнаа важноста и потребата за Младинскиот центар, како простор за интеграција со свој врснички круг и пошироко, каде ќе ги споделуваат своите идеи, искуства и интереси.

Младите споделија свои искуства и позитивни практики во ангажирање на различни акции од интерес на младите и заедницата воопшто.

УСАИД преку досегашната едно-годишна соработка

Ги поддржа младите од Младинските банки и активните граѓани од Колеџите на заедницата на досега опфатените општини од Источниот регион, во насока на граѓанските приоритети, работа со млади, поддршка во нивниот личен раст и развој, креирање на подобра иднина за сите, со фокус кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имлементирање на предлози и одлуки, решавање на најголеми предизвици и проблеми на заедницата, предлагање на иницијативи и заедничка стратешка работа за нивно успешно решавање и реализирање.

ГАЛЕРИЈА

Last modified: 24.01.2024