Мониторинг извештајот дава одговор на тоа во колкава мера се имплементирани можностите и механизмите шти ги имаат младите за да влијаат врз процесите за креирање политики и донесување одлуки предвидени со закон, истовремено споредувајќи ги податоците од предходниот мониторинг извештај, со цел да се увиде во кој сегменти, има најголем напредок во поглед на имплементација на законот.
Мониторинг извештајот е спроведен во рамките на проектот Заедници инклузивни за млади, го спроведува Националниот младински совет на Македонија, заедно со партнерите Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, а е поддржан од Европската унија.