Креативност на младите луѓе и нивната енергија да ја менуваат иднината е добра, но никогаш нема да стигнат до таму ако не ги слушнеме сега! Тие ја живеат својата иднина сега – не во иднина!
Младите можат да видат што недостасува во нивната општина и што им е потребно, способни се да обликуваат решенија, но немаат насоки, ресурси, поддршка и тим. НИВНИОТ ГЛАС треба да се слуша, со цел да ги спроведат своите решенија, да собираат средства, меѓусебно да се вмрежуваат, да градат тим, следат и евалуираат, за да направат позитивна промена во општеството, преку раст на својата самодоверба, одговорност, промена во перцепцијата за себе и заедницата!
„Младинска банка“ е механизам за развивање на вештини, каде ефективно ќе стекнат знаења и вештини за успешна имплементација на иницијативи, прибирање средства, информирање и мобилизација на заедницата за обликување и решавање на тековните локални проблеми. Преку неа, ќе се поттикне одговорноста на младите да бидат двигатели на промени, ќе завземат значајно младинско учество како лидери, влијателни лица, даватели на услуги, истражувачи и едукатори на врсници во секое ниво. „Младинска банка“ како транспарентен механизам, отворен за сите заинтересирани граѓани е отворена врата кон директна промена на перцепцијата на младите за својата средина и промена на перцепцијата на системот кон младите, а со тоа ќе се овозможи вклучување на младите во креирањето на јавни политики на локално ниво во комбинација со филантропијата.
Златни правила на Младинската банка:
- Предводена од млади;
- Отворено за сите млади луѓе;
- Учество и вклучување;
- Промовирање на разбирање и почитување на разликите;
- Јасни и правични методи за доделување грантови;
- Кажи го како што е;
- Развивање на вештини и искуство на младите луѓе;
- Рефлексија и евалуација;
- и Славење.
Младинска банка е иновативен концепт предводен од младите кој ги охрабрува младите да станат активни граѓани кои ги водат позитивните промени во заедницата, биди и ТИ дел он неа, пријави се на: info@frlz.org.mk, eadzieva@frlz.org.mk, на тел: +389 75 496 778 или на следниот линк – Повик за членови на МБ!
Проект: „Направи разлика“
Поддржан: УСАИД Северна Македонија.
Last modified: 06.02.2023