Како се создаваше креативно-едукативната работилница во ДСУ „Искра“ Штип

17.10.2022

Преку уште една активност, во просториите на ДСУ „Искра“ Штип, 04.10.2022 година, лицата со посебни потреби, поттикнувајќи ја својата самодоверба, ја развија својата креативност и директно се вклучија во борбата за инклузија во правец на продуктивност во општеството. Повторно за момент заборавија на изолираноста и ја почуствуваа атмосферата на социјализација и уште еднаш докажаа дека нивните можности и пречки не треба да се причина за поделба и маргинализирање.

Креативно – едукативна работилница е во рамките на проектот – „4Р( редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени)“, поддржан од ФООМ.

Last modified: 17.10.2022