КАКО СЕ ГРАДИ ЦВРСТ ТЕМЕЛ НА КРУЖЕН ЕКОНОМСКИ СИСТЕМ!

07.11.2022

Постои само еден пат кон успешно справување со отпадот и одржување на здрава животна средина, а тоа е создавање на навики за селекција уште во најрана школска возраст!

Токму тој пат, на 1 ноември 2022 година, се одеше во ОУ.„Ванчо Прќе“-Штип, каде преку еден поинаков школскиот ден, проследен со натпреварувачки-едукативен квиз и спонтана игра, децата учеа за себе и за светот околу себе, зголемувајки ги своите познавања за животната средина, за отпадот и за здравиот начин на живот.

Одговорноста за да бидат доследни во своето однесување, да поттикнуваат чувство на одговорност за селекција, рециклирање и да ги согледуваат последиците од несоодветното однесување со отпадот од најрана возраст, ја стекнаа во радосна воспитно-образовна средина.

Едукативниот настан е во рамките на проектот – „4Р( редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени)“, поддржан од ФООМ.

Last modified: 07.11.2022