„ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА“

11.01.2023

Проект: Зајакнување на локалната демократија

Подршка: ФООМ

Успешна децентрализација, зависи од активното учество на граѓаните во креирањето и имплементацијата на јавните политики. Моменталното ниво на учество на граѓаните е повеќе квантитативно, а квалитетот на учество, т.е. бројот на прифатени препораки од граѓаните е незначителен, граѓанските организации имаат слаби капацитети, немаат доволно знаење и ресурси да застапуваат прашања за кои се формирани.

Оваа активност ќе обезбеди стимулација на работата и поттик на регионален развој преку константна поддршка во секојдневната работа на ГО, јакнење на организациите и внатрешните институционални правила, процедури и градење на институционалната меморија на здружението.

Цели на проектот:

  • Подобрување на положбата на граѓанското општество за ефективно застапување на интересите на целните групи;
  •  Зајакнување на институционална и финансиска одржливост на локалните ГО (grass roots);
  •  Зголемување на учество на граѓаните во креирање на јавните политики.

Предвидени активности:

  • Јакнење на капацитетите на ГО (обуки и работилници);
  • Менторска и финансиска поддршка во развивање и имплементација на плановите за застапување;
  • Мониторинг на ЕЛС;
  • Правна поддршка и поддршка на ГО за подготовка и/или ревизија на стратешки документи и интерни процедури и правилници(Help desk);
  • Национална анализа на механизамите за граѓанско учество;
  • Национална конференција.

Целни групи и заедници:

  • Граѓански организации;
  • Единици на локалната самоуправа;
  • Неформални групи;
  • Граѓани.

Очекувани резултати:

  • Подобрена положба на граѓанското општество за ефективно застапување на интересите на целните групи;
  • Зајакната институционална и финансиска одржливост на локалните ГО (grass roots);
  • Охрабрени граѓани за решавање на локални приоритети;
  • Зголемено учество на граѓаните во креирање на јавните политики.

Период на реализација: 1.1.2023 – 30.6.2024

Вкупен буџет (во УСД): 120 000

Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова

E-mail: ngirova@frlz.org.mk

Телефон: +38975496771

Last modified: 11.01.2023