Проект: Заедници инклузивни за млади (Youth-Inclusive Local Communities-YILC)
Поддршка: EuropeAid
Генерална цел на проектот: Општа цел на акцијата е подобрување на локалнoто владеење преку зголемена инклузивност и социјално влијание на младите граѓани во локалниот демократски живот.
За да придонесе кон резултатот, акцијата има за цел да го искористи одржливиот механизам за вклучување на младите во процесот на креирање јавни политики на локално ниво предвиден во Законот за младинска политика и младинско учество.
Специфични цели:
СЦ1 – Да им помогне на локалните власти во развојот и спроведувањето на регулативите и политиките низ призмата на младите, со зајакнување на механизмот за младинско учество;
СЦ2 – Градење на капацитетите на основните младински ГО;
СЦ3 – Да се поттикне дијалог и борба против дискриминацијата и сегрегацијата.
Предвидени активности:
А1 – Градење капацитети
А2 – Спроведување на законот за Младинско учество и Младински политики на локално ниво
А3 – Индекс на социјална инклузија на младите на локално ниво
А4 – Поддршка на локални младински инцијативи
А5 – Видливост и споделување на резултати
Проектот се спроведува меѓу следните партнери:
Национален Младински Совет на Македонија, Фондација за развој на локалната заедница – Штип, СФЕРА – Битола и Youth Empowerment Platform – Гостивар.
Времетраење на проектот:
Имплементацијата на проектот започнува од 01.03.2022 г. и истата ќе трае до 31.08.2024 г.

Last modified: 21.07.2022
You must be logged in to post a comment.