Во рамките на проектот 3Р (Рециклирај, Редуцирај, Реупотреби) во Штип беше организиран едукативен настан со учество на ученици од средните училишта.
Настанот се одржа на 21.04.22 (четврток) во Американското катче.
Едукативната активност се фокусираше воглавно на текстилниот отпад како загадувач, но со поголем акцент на отпадот како ресурс за создавање на комплетно нов производ.
Преку презентирање на примери и бројки, младите имаа можност да дознаат нешто повеќе околу текстилниот отпад и неговото влијание врз животната средина. Со тоа се поттикна желба за креирање на нови и корисни продукти со коишто младите истовремено ја изразија и својата креативност.
Last modified: 06.07.2022
You must be logged in to post a comment.