На 15.09.2022 година, во просториите на Млади хаб, се одржа средба со граѓански организации од источниот и југоисточниот регион на РСМ, во рамките на проектот “LocalActive” кој го спроведуваме сo Институтот за истражување на општествениот развој „РЕСИС“ од Скопје.
На средбата се дискутираше за подобрување на пристапот до јавната сфера и остварување на комуникациските права на ранливите категории на граѓани, преку иницирање развој на медиум на заедницата, кој ќе претставува платформа која граѓанските организации од овој регион ќе ја користат за создавање на нови канали за комуникација со своите конституенти и со општата јавност која ќе се запознава со работата на граѓанскиот сектор.
Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy (NED).





Last modified: 27.09.2022
You must be logged in to post a comment.