БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА СМАРТ ТЕЛЕФОНИ

12.01.2023

Дата:                     12.01.2023

Предмет: Барање за доставување на понуди за набавка на пет (5) мобилни телефони во рамки на проектот, “Направи разлика!“ Референтен бр. 72016522СА00003.

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип ве поканува да доставите понуда за набавка пет (5) смарт телефони со минимум следниве перформанси:

  1. Smart phone
  2. 128 GB
  3. 4G
  4. 4 RAM
  5. Гаранција

Понудата треба да биде доставена во форматотот испратен во прилог.

Цените треба да бидат изразени во денари во формуларот за понуда на следниов начин: единечна цена на производот без ДДВ, ДДВ на производот и вкупната цена на производот.

(Проектот, “Направи разлика!” е ослободен од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).

Понудите на операторите кои ги исполнуваат погоре наведените услови понатаму ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација, а најповолниот понудувач ќе биде избран според критериумот „најдобра цена за вредноста“, односно при процесот за евалуација ќе бидат доделени 60% од вкупните поени за перформанси, а 20% за цена на производ и 20% за вклучен сервис и гарантен рок.

  Максимална вредност на набавката изнесува 85.000,00 денари , согласно буџетот и правилата на УСАИД за финансиска реализација.

Понудата да има важност од 45 дена од денот на доставената понуда.

2) Во прилог на понудата треба да се достави и следната придружна документација:

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.

Понудата се доставува во затворен коверт, по пошта, или на рака во архивата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, ул. „Страшо Пинџур“ бр. 66/1, 2000 Штип, или на е-пошта info@frlz.org.mk

На надворешната страна на ковертот или во Subject на пораката наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 72016522СА00003 и текстот „Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

                Понудата треба да се достави во рок од дваесет (20) дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 31.01.2023 година, до 16:00 часот.

  Телефон за контакт: 075/496-778  

Со почит,

Last modified: 27.01.2023