Зајакнување на партиципативната демократија

15.12.2015

„Зајакнување на партиципативната демократија“ е проект кој прави сеопфатна анализа на постоечките практики и ефективноста на механизмите за консултација на граѓаните при креирање и носење на одлуки на локално ниво, со главна цел да направи сериозен придонес кон институционализирање на одржливите механизми за консултација на граѓаните во процесите на креирање и носење на политики на локално ниво.

Ефективната партиципативна демократија бара висок степен на учество на граѓаните во процесите на креирање и донесување на одлуки, особено на локално ниво. Локалните власти кои се ориентирани кон постојана комуникација со граѓаните имаат поголеми можности да ги остварат потребите на граѓаните и максимално да ги искористат ресурсите во локалната заедница. Оттука, граѓаните ќе имаат можност да учествуваат и да имаат влијание врз решавање на проблемите од нивното секојдневие, а локалните власти можност за добивање на поширока поддршка за нивните идеи и воспоставување на нови методи за решавање на проблемите во заедницата.

Специфични цели на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“ се:

  • Да се анализира моменталната ситуација за постоечките механизми за консултација со граѓаните во процесот на креирање на јавни политики на локално ниво;
  • Да се поттикне дискусија помеѓу засегнатите страни (ЕЛС, ГО, БС);
  • Да се поттикне споделување и практикување на искуства на добри практики за механизми за консултација помеѓу Локалните советодавни групи;
  • Да се лобира во ЕЛС за институционализација на предложените механизми;

Активности:

1. Анализа на моменталните практики на користење на консултацијата со граѓаните во процесите на креирање јавни политки на локално ниво и нивната ефективност;
2. Регионални дебати;
3. Работни групи за креирање на препораки за воспоставување на механизми за консултација помеѓу граѓаните и ЕЛС;
4. Документ за јавна политика;
5. Состаноци со релевантни институции за лобирање за прифаќање и имплементирање на предложените препораки;
6. Завршна конференција;

Целна група на проектот се сите 81 општина, вклучувајќи го и градот Скопје, ЗЕЛС, Министерство за локална самоуправа, граѓански организации од Македонија и граѓаните на Република Македонија.

Временската рамка за спроведување на проектот е 19 месеци, а вкупниот буџет изнесува 91.027,59 ЕУР.

Проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“ е спроведуван од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во соработка со Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар и Локалната агенција за развој – Струга, а финансиски подржан од Европската Унија.

Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова
E-mail: ngirova@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116

Last modified: 24.04.2017