За фондацијата

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е непрофитна и невладина организација, формирана во декември 2006 година, како правен наследник на Центарот за поддршка на НВО – Штип. Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е прва фондација за заедницата во Република Македонија.

Визија

Локалните заедници се организирани, проактивни и способни да влијаат на подобрувањето на квалитетот на животот и благосотојба.

Мисија

Ефективно учество на граѓаните во креирање на јавни политки и нивна доследна имплементација.

Стратешки цели

– Засилена демократизација на Република Македонија и развој и консолидација на граѓанското општество;

– Зајакнато учество  на младите луѓе во општеството;

– Подобрен локален економски развој;

– Подобрување на локалните политики и засилување на децентрализацијата, преку активно учество на граѓаните;

 

Статут на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип

 

Statute Local Community Development Foundation

 

Стратешка програма 2016-2018

 

Comments are closed.