Младински консултации за Структурен дијалог

21.02.2018

На 20.02.2018 година, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, како регионална канцеларија на Националниот Младински Совет на Македонија учествуваше во спроведување на консултации во рамки на Структурниот дијалог.

Млади од повеќе општини од Источен плански регион учествуваа на консултативниот форум во општина Штип, на којшто заеднички дискутираа за прашања кои се од важен интерес за младите од регионот.

Заклучоците и препораките од консултациите во Македонија ќе бидат сумирани и презентирани во рамки на Структурниот дијалог на Европската Унија. Повеќе информации околу процесот на консултации може да се најдат на веб страната на Национален Младински Совет на Македонија.

Last modified: 23.02.2018