Слободни и ненасилни избори 2013

07.02.2013

ФРЛЗ Штип ја дава својата поддршка за спроведувањето на слободни и ненасилни избори 2013

izbori2013

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и организацијата ЦИВИЛ потпишаа меморандум за разбирање и идна соработка. Во фокусот на соработката за периодот што следува се локалните избори, при што двете организации се заложија да го дадат својот придонес во подигањето на јавната свест за организираниот изборен процес да се реализира во рамките на законите и без употреба на било какви форми на насилство.

За истата цел се формирани работни групи за превенција чија задача ќе биде да алармираат за евентуалните нерегуларности, притисоци и инциденти за време на кампањата и за денот на изборите. Воедно се охрабруваат граѓаните кои ќе забележат некоја неправилност, се сведоци на инцидент или се жртва на насилство истото да го пријават на контактот на ФРЛЗ (032/383-116). Групите за превенција на таквите граѓани им го гарантираат правото на АНОНИМНОСТ.

Last modified: 06.04.2017