Реализирана втора работилница во Општина Чешиново-Облешево

09.12.2015

Развивање методологија за распределба на средства од општинските буџети

Втората работилница во рамки на процесот на развивање на методолгија за распределба на средства од општинскиот буџет за поддршка на здруженијата се одржа на трети декември во Облешево.

oblesevo_2rabotilnica_2

Работилницата ја организираше ФРЛЗ Штип во соработка со Советот на општина Чешиново-Облешево. На настанот присуствуваа претставници на Советот на Општина Чешиново-Облешево и претставници на граѓанските здруженија од регионот.

Овие активности се дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“ кој го имплементира ФРЛЗ Штип во соработка со Младински културен центар Битола, Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Центар за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Република Македонија.

oblesevo_2rabotilnica

Фокусот на дискусијата беше во насока на дефинирањето на постапката при одлучување и критериумите во системот на бодување.

oblesevo_2rabotilnica_3

Last modified: 06.04.2017