Развивање методологија со Општина Струмица за распределба на средства

17.11.2015

Прва работилнца за развивање методологија за распределба на средства од општинскиот буџет

ФРЛЗ во соработка со Општина Струмица на 03.11.2015 во Дом на АРМ во Струмица организираше работилница со цел развивање методологија за распределба на средства од општинскиот буџет за поддршка на граѓанските здруженија.

rabotilnica1_strumica_web_1

На работилницата присуствуваа претставници на Советот на Општина Струмица, вработени од администрацијата и претставници на здруженијата од струмичкиот регион.

rabotilnica1_strumica_web_2

По презентирањето на проектните цели и активности беа разгледани приоритетите на општината за тековната година и постоечките критериуми за подобност за аплицирање. Дискусијата понатаму продолжи во насока на развивање на генералната рамка на методологијата и на техничките параметри на повиците за аплицирање и начините за бодувањето во оценувањето, кои допрва треба да се детализираат.

rabotilnica1_strumica_web_3

Last modified: 06.04.2017