Проба

04.02.2011

Предмет: Покана за учество на Дебата за Законот за здруженија и фондации

Почитуван/а,

Ве покануваме на дебата за Законот за здруженија и фондации, која ќе се одржи на 10.02.2011 (четврток) со почеток во 11.00 часот во хотел „Оаза” – Штип. Дебатата ја организира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во рамките на проектот „Отворен дијалог за Законот за здруженија и фондации” финансиран од Европската унија.

Целта на дебатата е да се разменат информации и искуства за практичната примена на Законот за здруженија и фондации, како и за новите можности што ги дава Законот (статус на организација од јавен интерес, правни лица да формираат здружение или фондација, странски лица да формираат нови или ограноци на здруженија или фондации итн.).

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 08.02.2011 (вторник) на телефон 032/383-116 и 032/613-120 или е-маил: nlongurova@sonet.com.mk

Во прилог на поканата Ви доставуваме дневен ред на дебатата. 

03 февруари, 2011 година Со почит,

Штип Невенка Лонгурова Гирова ФРЛЗ Штип 

Last modified: 06.04.2017