Презентација на наоди од мониторинг на буџетската транспарентност

20.02.2015

Презентација на наодите од Квартален мониторинг на буџетската транспарентност на Општините Штип, Карбинци, Пробиштип, Зрновци, Чешиново-Облешево и Кочани

Во понеделник (23.02.2015) во Хотел Оаза во Штип со почеток од 10:30 часот ќе се одржи презентација на наодите од кварталниот мониторинг  на буџетската транспарентност на Општините  Штип, Карбинци, Пробиштип, Зрновци, Чешиново-Облешево и Кочани.

Настанот има за цел да ги посочи наодите за дел од општините во Источниот плански регион и да отвори дискусија за начините на зголемувањето на транспарентноста. Притоа ќе бидат споделени искуствата кои партнерските организации ги имаат стекнато во процесот на следење како и позитивните практики од работата на општините.

Проектот е финансиран од Европската Унија а го спроведуваат Фондацијата за развој на локалната заедница Штип заедно со Центарот за економски анализи (ЦЕА) и ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Исто така, во понеделник од 14:00 часот во Хотел Манастир во Берово ќе бидат презентирани наодите за општините Берово, Виница, Македонска Каменица, Делчево и Пехчево.

Last modified: 06.04.2017