Правна помош и поддршка за застапување и одржливост на локални граѓански организации

16.01.2018

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот „Правна помош и поддршка за застапување и одржливост на локални граѓански организации“ финансиран од Европската Унија има за цел да влијае на зголемувањето на учеството на граѓанските организации во процесите на донесување закони, креирање на политики и носењето одлуки на локално и национално ниво. Зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации во однос на нивната отчетност, ефикасност и одржливост е предуслов за ефективно вклучување и учество во процесот на креирање на добри закони и политики.

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

  1. Подобрување на актите кои ја уредуваат внатрешната организација на граѓанските орагнизации и нивна поддршка во обезбедување на целосна усогласеност со обврските кои произлегуваат од законите во РМ
  2. Зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации за застапување засновано на докази на локално и национално ниво
  3. Зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации за развивање на проекти и управување со проектен циклус

АКТИВНОСТИ

Проектот на граѓанските организации ќе им овозможи:

I. Канцеларијата за правна поддршка на граѓански организации која обезбедува правно советување на локални граѓански организации кои не се во финансиска можност да користат професионални услуги од адвокат, а се соочуваат со проблем од правна природа кој го отежнува нивното работење и дејствување или имаат потреба од правна поддршка за реализација на одредена активност со која ги остваруваат своите цели.

II.Развивање на алатка за управување со правници ризици во граѓанските организации која ќе им овозможи рано идентификување и превенција на ризиците од правна природа на која се или би можеле да бидат изложени граѓанските организации како и дефинирање на мерки и активности за нивно надминување. Алатката ќе биде наменета за органите на управување на организациите.

III.Непосредна менторска поддршка на граѓански организации во следниве области:

  1. Подготовка и подобрување на внатрешните акти на граѓанските организации (статути, политики и правилници) како и правна поддршка за исполнување на законските обврски кои ги имаат граѓанските организации
  2. Подготовка на планови за застапување и помош при поединечни активности за застапување на граѓанските организации пред локалните и националните власти
  3. Изработка на проектни апликации, управување со проектен циклус и организациски развој

IV. Обуки за персоналот и членовите на граѓанските организации за:

  1. Административно и финансиско работење на граѓанските организации
  2. Застапување базирано на докази и подготовка на план за застапување
  3. Правни механизми за влијание на политики
  4. Изработка на проектни апликации и прибирање на средства
  5. Организациски менаџмент, стратешко планирање и мониторинг и евалуација на проекти

V. Директна финансиска поддршка за најмалку 10 локални граѓански организации за реализација на активности за застапување за подобрување на политики и прописи

Проектот го имплементираат Здружението на млади правници на Македонија, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Данскиот совет за бегалци и Коалицијата сите за правично судење, во времетрање од 1 Јануари 2018 до 30 Јуни  2020.

 

Канцеларија за правна поддршка за граѓански организации

Канцеларијата за правна поддршка на граѓански организации обезбедува правно советување на граѓански организации кои не се во можност да користат професионални услуги. а се соочуваат со проблем поврзан со следниве правни прашања: Ревизија и подобрување на внатрешните акти на организацијата (статут, правилници, деловници, политики и процедури); Постапката за упис на регистрација, промена и бришење на …

Last modified: 04.02.2019