Обучи се, добиј поддршка, вработи се!

15.12.2015

„Обучи се, добиј поддршка, вработи се!“ е проект кој се стреми да направи реална промена за вклучување на жените од немнозинските етнички заедници на пазарот на трудот, преку развивање и подобрување на нивниот потенцијал за вработување.

Имајќи ја во предвид сензибилноста на целната група и органичените можности за нивно вклучување на пазарот на труд, проектот „Обучи се, добиј поддршка, вработи се!“ прави сериозен исчекор за подобрување на потенцијалите за вработување на оваа целна група, преку вклучување на сите засегнати страни – Агенцијата за вработување на РМ, Центрите за социјални работи и бизнис секторот во идентификување на профилот и потребите од вештини кои на овие жени им се потребни и обезбедување на соодветни обуки и поддршка за нивна полесна интеграција на пазарот на труд.

Главна цел на проектот е интеграција на жените од немнозинските етнички заедници на пазарот на труд.

Специфични цели:

  • Да се спроведат стручни обуки
  • Да се направи индивидуално советување
  • Да се создадат услови за одржливо вработување

Активности:

  1. Студија за проценка на состојбата, во поглед на степенот на образовние и вештини кои ги поседуваат припадничките на целната група;
  2. Утврдување на критериуми за избор на учесници;
  3. Проценка на потребите од обуки;
  4. Тренинг за тренери;
  5. Теоретски и практични обуки за крајните корисници;
  6. Индивидуално советување;
  7. Инфо денови;
  8. Активности за подигнување на свеста, промоција и споделување на резултати;

Целна група на проектот се жени од немнозинските етнички заедници од Источниот плански регион, кои ги немаат потребите вештини за барање и задржување на работното место во географската област во којашто живеат, а како крајни корисници покрај веќе споменатите се и бизнис секторот и Агенцијата за вработување во РМ и Центрите за социјални работи.

Временската рамка за спроведување на проектот е 20 месеци, а вкупниот буџет изнесува 83.638,45 ЕУР.

Проектот „Обучи се, добиј поддршка, вработи се!“ е спроведуван од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во соработка со Стопанска комора – Родопи, Грција, Агенција за економски развој – Костинброд, Бугарија и Текстилниот кластер – Штип, а финансиски подржан од Европската Унија.

Last modified: 24.04.2017