Насликај разлика

25.12.2013

Јавна трибина и изложба на фотографии

naslikaj_razlika

Фондацијата за развој на локалната заедница и Младински образовен форум Ве покануваат на настанот ,,Насликај Разлика” организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи во Хотел „Оаза” (Банкет сала), на 26 декември во 12.00 часот во Штип.

Еднодневниот настан „Насликај Разлика” има за цел:

• Подигање на свеста на младите, за нивните права и можности за вклучување во процесот на носење одлуки.

• Подигање на свеста на институциите и одговорните лица за придобивките кои тие ги имаат од соработка со млади и креативни лица

• Промовирање на можноста за соработка помеѓу младите и институциите во насока на користење на простории за креативно изразување.

Во таа насока, настанот ќе содржи: јавна трибина на тема „ Младите во Штип заслужуваат повеќе простор за креативно изразување” и изложба на фотографии од конкурсот на тема пасивност/активност на младите и нивни акции кои се насочени кон нивно креативно изразување.

Јавниот настан „Насликај Разлика” е иницијатива на група млади луѓе кои учествуваа во Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Овие млади луѓе се натпреваруваа со своите врсници од 12 градови за можноста да се организира иницијатива за подобрување на нивната заедница како и да се обезбедат можности за учество на младите.

naslikaj_razlika

Last modified: 06.04.2017