Младински отворени денови

24.03.2015

Младински отворен ден во Штип

Националниот младински совет на Македонија заедно со ФРЛЗ во рамки на проектот „Инспирирај младинско учество“ организираа младински отворен ден.

Настанот е дел од кампањата за промоција на Националниот младински совет и имаше за цел да ја информира јавноста – младите пред се за работата на советот и придобивките за организациите од членувањето во него. Исто така беше нагласена потребата од вмрежување и соработка со останатите младински организации.

Меѓу панелистите беа претставници на ФРЛЗ, претставник на НМС и претставник на Советот на Млади Штип. Локални организации и младински организации од регионот ја искористија шансата да презентираат дел од својата работа. 

Last modified: 06.04.2017